На 9 меча до плеј-офот, Мемфис го избрка тренерот!

64

Мемфис го отпушти главниот тренер Тејлор Џенкинс на само девет натпревари пред стартот на плеј-офот во НБА лигата.

Клубот го отпушти 40-годишниот стручњак, кој беше во 6-тата сезона во клубот.

Интересно е што вкупниот рекорд на Џенкинс како главен тренер беше 250 победи и 214 порази во регуларниот дел од сезоната, но оваа сезона со мемфис има сериозни шанси за одличен конечен настап.

Мемфис е на 5. место во Западната конференција со скор 44-29. Сега останува да се очекува одлуката за поставување на негов наследник.

ПретходноРоналдо ќе го избрка и Пиоли од Ал Наср?
СледноБразил го загуби трпението, отказ за Доривал Жуниор