Нов момент во преговорите меѓу Салах и Ливерпул

87

Големата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах е се поблиску до нов договор со клубот, откако двете страни во последните денови влегоа во многу поинтензивна фаза на преговори. Овој момент доаѓа откако раководството на клубот значително ја подобрил понудата за крилниот напаѓач.

Медиумите додаваат дека на ситуацијата влијаело и конечното заминување на Трент Александер-Арнолд, што овозможило ослободување повеќе средства и зголемување на понудата за Салах, наместо да се дистрибуира меѓу трите понуди со пониска вредност за секоја од ѕвездите на тимот со договори кои истекуваат на крајот на сезоната – имено Александер-Арнолд, Мохамед Салах и Ван Дајк.

Очекувано позитивно се одрази и одличниот настап на Египјанецот со тимот на Ливерпул оваа сезона и феноменалната статистика што ја демонстрираше. Салах во моментов има 32 гола и 22 асистенции на 43 натпревари.

ПретходноФК Рокдејл Илинден од Австралија собра 87.100 долари кои ќе ги донира на семејствата на настраданите во Кочани! (ФОТО)
СледноАлександар Ристевски пред „Дербито на Македонија“: Респект за Вардар, но Пелистер оди по трите бода! (ВИДЕО)