По обвиненијата од Судот се огласи и Анчелоти: Не сум измамник, ќе го докажам тоа пред судот!

548

Откако денеска обвинителството во Мадрид побара 4 години и 9 месеци затвор за главниот тренер на Реал Мадрид, карло Анчелоти,  под обвинение за измама, пред новинарите со своја изјава се јави Италијанецот. Според обвинителите,  Анчелоти во даночните пријави ги пријавил само личните парични надоместоци што ги добивал од Реал Мадрид, но не и приходите од користењето на имиџ-правата, кои наводно ги префрлал на други организации.

Италијанскиот стратег ќе биде сослушан на 2 април во судот во Мадрид.

„Има многу теми за дискусија на дневен ред. Треба да одам да дадам изјава, а тоа ќе го направам во среда. Но, ова не е место за разговор. Жалбата поднесена од обвинителството ќе се разгледува следната недела. Го добив првиот случај и имам целосна доверба во законот и судскиот систем. Не сум загрижен. Ме загрижува тоа што зборуваат за измама од моја страна, но јас сум подготвен да сведочам“, изјави главниот тренер на Реал Мадрид.

ПретходноБразил го загуби трпението, отказ за Доривал Жуниор
СледноКако во најдобрите денови: Ѓоковиќ обезбеди финале во Мајами!