Жалбата е прифатена: Дани Алвеш денеска излезе од затвор

147

Врховниот суд во шпанскиот регион Каталонија ја укина пресудата за бразилскиот фудбалер Дани Алвеш за сексуален напад, по доиставената жалбата. Во одлуката се вели дека првичната одлука содржи „недоследности и противречности“.

Во февруари минатата година, Алвеш беше осуден на 4 и пол години затвор за силување жена во тоалет на ноќен клуб во Барселона во 2022 година.

Во својата одлука за поништување на пресудата, каталонскиот Врховен суд наведе дека сведочењето на наводната жртва немало кредибилитет кога се повикувала на факти кои би можеле објективно да се проверат преку видео снимки, „експлицитно укажувајќи дека она што таа го кажува не соодветствува со реалноста“.

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона веќе е ослободен од затвор со кауција од 1 милион евра.

ПретходноУ-19: Женската репрезентација на Македонија на квалификациски турнир во Хрватска!
СледноРоналдо ќе го избрка и Пиоли од Ал Наср?