Роналдо ќе го избрка и Пиоли од Ал Наср?

235

Поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли би можел да го напушти Ал Наср на крајот од сезоната, поради шпекулациите дека расте тензијата меѓу тренерот и Кристијано Роналдо, како и информациите кои го поврзуваат 59-годишниот стручњак со трансфер во Рома. Последните извештаи тврдат дека Пиоли е опција за Рома, која активно бара нов тренер за следната сезона.

Денеска „Калчомеркато“ објави дека има растечка тензија меѓу тренерот и ѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, особено откако Пиоли предвреме го повлече Роналдо за време на неодамнешната победа со Ал-Холуд. Според информациите Пиоли има клаузула за раскинување што може да се активира во јуни.

ПретходноЖалбата е прифатена: Дани Алвеш денеска излезе од затвор
СледноНа 9 меча до плеј-офот, Мемфис го избрка тренерот!