МЗТ Скопје и Феникс први го отвараат 21-то коло во Првата лига, двата тима по заеднички договор одлучија да играат денеска со почеток во 13 часот. Актуелниот првак е лидер на табелата со 35 бода, додека пак Феникс го држи седмото место со 30 бода.
Фаворит е МЗТ Скопје, но нема да биде исклучена вистинска битка, особено ако се земе во предвид дека Феникс до дуелот со Кожув имаше серија од шест победи во низа.
Останатите мечеви се играат во сабота и недела, а ќе се сретнат: Гостивар – Работнички, Кожув – Шкупи, Пелистер – Вардар, Куманово – Чаир и Тиквеш – ТФТ.