Во меч од 21.коло во нашата елитна кошаркарска лига, и тоа во помалку необочен термин, МЗТ Скопје успеа како гостин да слави против составот на Феникс 2010 со 77:85.
Во секој случај заслужена победа на шмапионот, кој во текот на целиот меч беше подобар тим, имаше водство и се разбира ги контролираше настаните на теренот. Во второто „полувреме“ Феникс 2010 се обиде и успеа во тоа да избегне поубедлив пораз.
Ова е 16-тата победа на “металците“ сезонава и токму поради тоа се наоѓаат на лидерската позиција на табелата.
Уште на стартот од средбата, МЗТ Скопје стави до знаење дека на овој меч го интересира само победа и ништо друго.
Најефикасен кај победничкиот соств беше Едвин со 21 поени, додека кај домашните Тимоти и Димитриев забелажаа по 15 поени.