Фудбалерите на Баерн Минхен ја совладаа екипата на Ст. Паули со 3:2 во попладневниот натпревар од германската Бундеслига. Со оваа победа екипата предводена од Винсент Компани се зацврсти на врвот на табелата со 65 бода.
Резултатот го отвори Хари Кејн со гол во 17-тата минута, а 10 минути подоцна Саад донесе изедначување за гостите. Во второто полувреме со головите на Лерој Сане во 53-тата и 71-та минута Баерн стигна до победата. Вториот погодок за Ст. Паули го постигна Рицка во 93-тата минута.
Во останатите натпревари Борусија Менхенгладбах победи против Лајпциг со 1:0, Хофенхајм и Аугсбург ремизираа со 1:1, Вердер ја совлада екипата на Холштајн Кил со 0:3 и Хајденхајм ја изненади екипата на Волфсбург триумфирајќи со 0:1.