Попладнево од 15 часот на програмата се сите осум средби од 22.коло во ВМФЛ. Јасно е дека по се она што се случуваше во Кочани, секое гостување на било која екипа во тој град ќе биде многу емотивно. А посебно емотивно ќе биде за фудбалерите на Осогово кои ќе мораат денеска од 15 до 17 часот да мислат на фудбал.
Осогово – Македонија ЃП е овој емотивен меч, кој многу значи за сите во тажното Кочани.
Башкими кој исто како и Македонија ЃП, има 49 бода, го очекува тешко гостување во Прилеп и тоа кај Победа која во последно време игра добро,
Третата Брегалница гостува во Гевгелија кај Кожув.
Подолу можете да ги видите сите двојки од денешното 22.коло.
ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Вардар (Н) – Детонит
Кожув – Брегалница
Скопје – Борец
Осогово – Македонија ЃП
Вардарски – Арсими
Саса – Беласица
Новаци – Охрид
Победа – Башкими
ТАБЕЛА
Македонија ЃП 48, Башкими 48, Брегалница 44, Арсими 42, Саса 32, Охрид 32, Детонит 31, Скопје 31, Кожув 31, Беласица 28, Победа 22, Новаци 20, Вардар (Н) 20, Осогово 16, Борец 10, Вардарски 8.