Пелистер – Вардар 1:3 е епилогот од големото дерби во македонскиот фудбал, кое попладнево се одигра во Битола во рамките на 25. коло во ПМФЛ. Победа на Вардар по цели 8 години во Битола.
Стрелци на головите беа Керим за Пелистер, а Закариќ од пенал и Мато со два гола за Вардар.
Нема што фантастична партија на репрезентативецот на Уганда.
Убаво дерби, се надигруваа двете екипи иако условите не беа идеални поради дождот кој попладнево паѓаше во Битола.
Исто така убава атмосфера, имаше околу 3.000 гледачи на трибините на стадионот “Петар Милошевски“, но не така еуфорична од пиетет кон жртвите и повредените во страшната трагедија во Кочани
КЕРИМ ЗА ДОМАШНО ВОДСТВО, ЗАКАРИЌ ИЗРАМНУВА
Се чини дека Пелистер подобро го отвори ова дерби. Домашните како да беа поорганиизрани на стартот од мечот, а тоа резултираше со гол во 10.минута за водство од 1:0 и тоа на Керим, некогашниот вардарец. Сепак гостите веднаш возвратија, прво со закана од слободен удар на Закариќ во 15.минута кога малку недостигаше да израмни, а потоа и со израмнување од пенал на 1:1 во 20.минута.
Вардар почна да игра, ама двете шанси до крајот на првиот дел ги имаа битолчани и тоа двете на Мирко Ивановски.
Искусниот напаѓач прво во 29.минута ја погоди пречката на голманот Талески, за да десет минути подоцна имаше зицер, беше сам пред Талески, но вардаровиот голман ја спаси својата мрежа.
Па така на пауза се замина со тие 1:1.
МАТО “ТРЕСЕ“ ЗА ВОДСТВО НА ВАРДАР, УШТЕ ЕДНАШ МАТО ЗА ПОБЕДА!
Како што и се очекуваше, по она слабо прво полувреме, на почетокот од вториот дел Вардар се разигра. Гостите почнаа со комбинаци, креираа акции, упатија и закани кон голот на Пелистер. Прво Омерагиќ со шут со глава за малку ќе погодеше, за да во следната акција Закариќ од далечина шутира, но домашниот голман фантастично одбрани.
Пелистер од контри беше опасен, домашните се обидуваа и со удари од далечина да го изненадат Талески, но до таа 70.минута резултатот и натаму беше 1:1.
И тога, во 75.минут, вардарци искреираа прекрасна акција, која на мајсторски начин со асистенција ја завршија Тодоровски и Мато со прекрасен гол за водство од 1:2. Сосема заслжено водство ако се знае дека гостите беа многу подобри во тоа второ полвреме.
И тоа не беше се од Мато. Се играше 82.минута со уште поубав гол офанзивецот на Вардар постигна ефектен гол за 1:3.
Во понеделник се играат сите останати мечеви од ова 25.коло.