Експлозија на Давид Тошевски… ХЕТ ТРИК за победа против Хартберг

363

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски денеска го одигра веројатно мечот на досегашната кариера. За својот тим Аустриа Клагенфурт постигна три гола во триумфот од 2:3 на гостувањето кај Хартберг.

Домаќинот поведе преку Донис Авдијај, но Тошевски израмни пред полувреме.

Во 63. минута го доведе својот тим во водство од 1:2, а Мијиќ израмни на 2:2. Сепак, судено беше денеска Тошевски да биде херој па погоди и во 84. минута со што ги постави конечните 2:3.

Тошевски пред само една недела дебитираше за А репрезентацијата на Македонија во победата на гостински терен над Лихтенштајн.

 

ПретходноКожув со уште еден триумф, овојпат против Шкупи
СледноПадна рекордот: Влезниците за мечот Реал – Арсенал се најскапи во историјата на клубот од Мадрид!