Денеска се одигра редовното коло од ВМФЛ шампионатот, во кој тимот на Осогово во Кочани беше домаќин на лидерот, тимот на Македонија ЃП. Мечот заврши 0:0, а ова беше прв фудбалски меч одигран во Кочани по големата трагедија во која што загинаа 59 луѓе.
Атмосферата се знае каква може да биде. Публиката собра сила, и во еден момент скандираше „Кочани, Кочани“ во знак на загинатите но и на оние кои што во моментов се лекуваат ширум Европа и светот од последиците од трагедијата.