Калин Ивановски ќе игра финале на ИТФ турнирот во Опатија

58

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ќе  игра во финалето на ИТФ турнирот во Опатија, Хрватска, откако денеска ги продолжи одличните настапи и во полуфиналето славеше над Чехот Михаел Врбенски со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-3.

Победата дојде за два часа и 47 минути, со што Ивановски стигна до првото финале за оваа година. Во завршниот дуел кој е на програмата утре во битката за трофејот Ивановски ќе се сретне со Лука Микрут од Хрватска, кој е прв фаворит на турнирот.

ПретходноМарио Илиевски со гол за убедлива победа на ЦСКА 1948 (ВИДЕО)
СледноЈошко и Љафтов вечерва играат финале во грчкиот Куп