Милан ќе има уште една разочарувачка сезона во Серија А. Клубот е на деветтото место и речиси ги загуби шансите за пласман во Лигата на шампионите.
Според поранешниот тренер на Милан, Фабио Капело, само двајца играчи заслужуваат да останат во клубот откако ќе заврши оваа сезона. Според Капело, не гледа дека Милан има тим кој може да се надградува со овој играчки кадар.
„Ако ме прашаат мене ќе им кажам дека ќе ги продадам сите играчи. Ќе оставам само двајца – Пулишиќ и Рејндерс“, вели Капело.