Марио Илиевски со гол за убедлива победа на ЦСКА 1948 (ВИДЕО)

148

Македонскиот репрезентативец Марио Илиевски го постигна првиот гол во 2025 година за екипата на ЦСКА Софија 1948 во рамките на 26. коло од бугарската Прва лига. Тој влезе од клупата во составот на домашните на мечот со Крумовград во 61. минута и само една минута подоцна во 62. минута ја испрати топката во мрежата на Крумовград.

Првично голот не беше признат поради офсајд, но по интервенцијата на ВАР беше потврден за конечни 4:1 во корист на ЦСКА 1948. За Илиевски ова беше петти гол во дресот на ЦСКА 1948 оваа сезона, а има запишано и една асистенција.

 

ПретходноТаекводно елитата денеска и утре на силниот Скопје Опен Г1, Дејан и Мила наши адути
СледноКалин Ивановски ќе игра финале на ИТФ турнирот во Опатија