Иако пред една недела доби отказ во Јувентус, Тиаго Мота денеска одново е на насловните страници во италијанските медиуми. Како што се пренесува тој е најсериозен кандидат да седне на клупата на Аталантна и тоа во јуни кога, како што самиот најави, Џан Пјеро Гасперини ќе си замине од Бергамо.
Исто така се нагласува дека неколку клубови во Лига 1 го контактирале Мота за евентуален ангажман, но тој секако дека ќе ја чека разврската во Аталанта.
Инаку Мота е познат по Франција и поради фактот дека цели шест сезони го носеше дрсот на ПСЖ.
Да потсетиме дека пред да дојде во Јувентус минатото лето, Мота беше стратег на Болоња со која бележеше феноменални резултати и оствари пласман во Лигата на Шампионите.
Сепак Јуве се покажа како преголем залак за Бразилецот со италијански пасош.