Новак против Меншик ќе оди по 100-тиот трофеј во кариерата!

149
Фото: Novak Djokovic @DjokerNole

Новак Ѓоковиќ е на чекор до еден свој голем јубилеј во својата кариера. Имено тој по триумфот над Бугаринот Димитров, во полуфиналето на Мастерсот во Мајами се пласираше во финалето кое е закажано за утре (недела), од 20 часот по македонско време. Негов противник ќе биде тинејџерот од Чешка, Јакуб Меншик кој има само 19 години и е двојно помлад од најдобриот тенисер во историјата.

Чехот се наоѓа на 54.место на АТП листата, а во финалето се пласира откако во полуфиналето утринава беше подобар од Американецот Тејлор Фриц со 2:1 во сетови.

Секако дека во финалето Новак ќе биде голем фаворит, па и поради тоа што Србинот ќе има големо мотиви да дојде до јубилејниот 100-ти трофеј во карирета, а и поради фактот, што за разлика од некои други турнири во блиското минато, на овој во Мајами се наоѓа во одлична форма.

Значи Новак Ѓоковиќ – Јакуб Меншик, финале во Мајами во недела од 20 часот.

Ова не се пропушта.

ПретходноНека му ја мисли Мбапе: Се појави ново видео на кое убаво се гледа што прави ѕвездата на Реал! (ВИДЕО)
Следно“Дерби на Македонија“: Битола на нозе, Вардар доаѓа по бодови ама се прашува и Пелистер!