Падна рекордот: Влезниците за мечот Реал – Арсенал се најскапи во историјата на клубот од Мадрид!

1850
0

Двомечот меѓу Арсенал и Реал е еден од најинтересните во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. Првиот меч се игра на „Емирејтс“ во Лондон во вторник (08.04.2025), а реваншот на “Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во среда (16.08.2025).

И токму за реваншот во Мадрид, раководството на Реал се надмина себеси. Имено ја одреди цената на билетите која е најголема во историјата на клубот. Па така тие ќе чинат од 125 до 450 евра. Само да се потсетиме дека за средбите со Сити и Атлетико тие чинеа од 115 до 325 евра. Рекордот до сега беше од мината сезона за мечевите со Сити и Баерн кога најскапиот билет чинеше 445 евра.

Од друга страна навивачите на Арсенал, за кои има контигент од 4.000 билети и ќе бидат сместени во посебен сектор на „Сантијаго Бернабеу“, а истите ќе чинат по 60 евра.

Значи не е лесно да си навивач на Реал Мадрид, треба да платиш билет од 450 евра за да го бодриш својот тим на мечот со Арсенал.

ПретходноЕксплозија на Давид Тошевски… ХЕТ ТРИК за победа против Хартберг
СледноМакедонија со две злата на Скопје ОПЕН Г1 2025