Екипата на Пелистер дојде до убедлива победа против Вардар од 98-57 во рамките на 21 коло во Првата лига. Крајниот исход на оваа средба беше познат пред почетокот на истата, бидејќи „црвено-црните“ се најслабиот тим во Првата лига, а веќе од следната сезона ќе бидат дел од второлигашкото друштво.
За Пелистер ова беше 13-та победа оваа сезона, има и 8 порази, исто како и Кожув. Дали ќе остане на третото место ќе биде познато по утрешниот дуел меѓу ТФТ и Тиквеш.
Битолчани после 20 минути игра дојдоа до предност од 48-22, кое не беше тешко да се одржи до самиот крај.
Гумбрел со 20 поени беше прв стрелец кај победникот каде Мишковиќ имаше 16 поени. На другата страна Бајрам имаше 19 поени.