Пелистер – Вардар: “Дербито на Македонија“ започна со една минута молк за настраданите во Кочани!

575

Како што и се очекуваше, мега – дербито меѓу Пелистер и Вардар или “Дербито на Македонија“ започна со една минута молк за настраданите во страшната трагедија во Кочани од 16 март.

Фудбалерите на двете екипи, стручните штабови на Пелистер и Вардар како и присутните фанови на трибините на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, на овој начи потсетија на трагедијата со порака никогаш повеќе да не се повтори. Домашните фудбалери притоа излегоа со црни маички во знак на Кочани.

Македонија сеуште тагува.

Слава им.

Претходно беше интонирана и химната на Р. Македонија.

Инаку ова е меч од 25.коло во нашата елитна лига.

ПретходноЕве што одговори Дон Карло на прашањето дали ќе биде селектор на Бразил!
СледноКапело: Би ги продал сите играчи на Милан, ќе оставам само двајца!