Заврши првиот дел од “Дербито на Македонија“ во Битола меѓу Пелистер и Вардар и тоа со резултат 1:1. Домашните поведоа со голот на Керим во 10.минута, за да Вардар израмни преку Закариќ со гол од пенал во таа 19.минута.
Во 29.минута Пелистер имаше шанса за ново водство, но ударот на Мирко Ивановски заврши во пречката на гостите. Истиот играч имаше и зицер во 39.минута, но сега Талески ја спречи радоста на домашните.
Да кажеме и тоа дека Закариќ во 15.минута од слободен удар за малку ќе го погодеше голот на Пелистер, но таа топка заврши во корнер.
Инаку во Битола врне силен дожд, теренот е натопен со вода, но сепак има услови за игра, а се игра жестоко со мотиви до небо.
Убав меч, дербито ги оправдува очекувањата.