Поради обилните дождови, дуелот од 21 коло во домашната кошаркарска Прва лига меѓу екипите на Гостивар и Работнички ќе се одигра во Скопје.
Како што потврдија денеска гостиварчани, салата „Младост“ во Гостивар поради обилните врнежи протече, така што нема да има соодветни услови за одигрување на дуелот.
Мечот ќе се одигра во Скопје и тоа во салата „Независна Македонија“ со почеток од 14 часот.