Ете, тоа ти се вика за малку од играчка – плачка. Имено Ерлинг Халанд бил пријавен во полиција дека ја удрил жената која била во костумот на маскотата на Манчестер Сити.
Имено настанот се случил пред мечот со Саутемтон, кога Норвежанецот веројатно на шега ја удрил маскотата на Сити во тилот. Таа потоа го пријавила случајот во полиција каде кажала дека од силината на ударот добила потрес на мозокот и дека и бил лошо, па дури и дека повраќала. Во полицијата целиот случај малку го терале на шега кога и рекле дека може да каже дека барем Халанд ја удрил.
Се ова излезе вчера на насловните весници во Англија.
Се разбира дека Сити како сериозен клуб отворил интерна истрага и дека Халанд бил ослободен од вина а дека на нејзи не и бил обновен договорот.
Што ли навистина се случило?