Таекводно елитата денеска и утре на силниот Скопје Опен Г1, Дејан и Мила наши адути

72

Денеска и утре, Скопје е домаќин на силниот Меѓународен таеквондо турнир „Скопје Опен 2025“.

Станува збор за турнир во организација на Македонската таеквондо федерација, Таеквондо клубот Бутел  и Таеквондо клуб Рамус од Софија. Генерален покровител на овој спортски спектакл е Министерството за спорт.

Скопје опен е Г1 турнир и е дел од официјалниот календар на Свестката таекводно асоцијација, односно турнир кој носи бодови за остварување на олимписка норма.

Дејан Георгиевски и Мила Рељиќ се нашите најголеми адути на турнирот, а покрај нив ќе настапат уште 19 македонски теквондисти. 40 држави од целиот свет се во Скопје по бодови за олимписка норма. Натпреварите стартуваа денеска од 9 часот, а утре во истиот термин почнува и завршниот ден на турнирот во салата „Јане Сандански“.

ПретходноСалата „Младост“ протече, мечот Гостивар – Работнички ќе се одигра во Скопје
СледноМарио Илиевски со гол за убедлива победа на ЦСКА 1948 (ВИДЕО)