Тоа е Јокиќ: Нема трипл-дабл, ама има нов рекорд и „луда“ тројка од своја половина! (ВИДЕО)

695

Некој ќе каже ништо посебно ако нема трипл-дабл, но затоа има нов рекорд и една „луда“ тројка од своја половина на Никола Јокиќ. Нема веќе проблеми за Денвер, најдобриот кошаркар заздрави од повредата и утринава против Јута го однесе својот тим до нова победа и тоа со 129:93. Србинот застана на 27 поени, 14 скокови и 6 асистенции. Па така сега урна уште еден рекорд. Тој е првиот кошарка во историјата на НБА кој најбрзо стигнал до 16.000 поени, 8.000 скокови 5.000 асистенции. За ова му биле потребни 739 мечеви. Претходно рекордот го држеше Лари Бирд со 799 мечеви.

И сето тоа Јокиќ го зачини со една “луда“ тројка од своја половина. Овој човек е чудо. Сега се ќе биде полесно за Денвер со Јокиќ во тимот откако беше во аут неколку мечеви поради повреда.

Повторно сега Јокиќ се прашува во НБА.

На останатите мечеви се постигнаа овие резултати:

Детроит – Кливленд 133:122, Бруклин – ЛА Клиперс 100:132, Торонто – Шарлот 108:97, Милвоки – Њујорк 107:116, Минесота – Феникс 124:109, Њу Орлеанс – Голден Стејт 95:111.

ПретходноГвардиола: После ваква сезона, никој нема да добие бонуси, па и да го освоиме светското првенство!
СледноНајдобрите на сите времиња во фудбалот и тенисот: Лесно му е на Новак кога Меси навива за него! (ФОТО+ВИДЕО)