Тошевски: Топката ја зедов како спомен, ги посветувам головите на настраданите во Кочани

1136

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски денеска постигна хет трик за својот тим Аустриа Клагенфурт на гостувањето кај Хартберг и на тој начин буквално сам што се вели го победи ривалот.

Триумфот од 2:3 е дело на нашиот напаѓач, кој очигледно дека во Австрија ја пронајде својата идеална фудбалска средина и почна да го покажува својот полн голгетерски потенцијал.

„Навистина се чувствувам супер. Голем, огромен момент за мене. Од повеќе аспекти. Голгетерски, затоа што очигледно дека ми „тргна“ што се вели, мотивациски затоа што ова ќе ми биде само потстрек за уште повеќе да се залагам на терен, и конечно играчки што докажувам дека сум на ниво да се носам со оваа силна конкуренција“ – ни рече Давид Тошевски по денешните три гола па додава.

„Ја зедов топката со мене. Спомен секако. Тешко ми е да зборувам во овие моменти за некаква радост. Во мислите ни се сеуште на сите настраданите во Кочани. Головите им ги посветувам нив. И на оние кои што не се повеќе со нас, и на оние кои што се опоравуваат. Сочувство уште еднаш до семејствата, до сите оние кои загубија некого“ – изјави за Спортспорт, Давид Тошевски.

ПретходноН.Форест е полуфиналист во ФА купот
СледноРома со уште една победа во Серија А