За денеска се закажани три нови пресметки од 21 коло во Првата лига. Во многу поран термин од останатите, Гостивар ќе го пречека Работнички, мечот е закажан во 14 часот. Скопскиот состав е на второто место на табелата со 33 бода исто колку и ТФТ; доколку сака да остане тука ќе мора да го освои целиот плен во салата „Младост“. На другата страна Гостивар ја игра една од најслабите сезони, се наоѓа на десетото место на табелата, позиција која ја дели со Шкупи.
Кожув е домаќин на Шкупи (17 часот), додека Пелистер на Вардар (19:30 часот), и гевгеличани и битолчани се фаворити на овие две средби.
Колото ќе биде комплетирано утре со мечевите меѓу Тиквеш – ТФТ и МКК Куманово – Чаир.