Тудор дебитираше со победа на клупата на Јувентус

95

Со голот на Кенан Јилдиз, тимот на Јувентус предмалку на свој терен ја совлада Џенова со минимални 1:0 и на тој начин ја прекина негативната серија. Поточно, Игор Тудор дебитираше на клупата на Јуве со победа, откако го презема кормилото на средина на изминатата недела.

По катастрофалните порази од Аталанта и Фиорентина, во Торино мораше да има промени, а изборот падна на Тудор. Тоа очигледно имаше ефект, затоа што денеска Јуве ги освои планираните три бода, толку неопходни за да екипата го врати победничкиот дух што се вели.

 

ПретходноМакедонија со две злата на Скопје ОПЕН Г1 2025
СледноРајо ја оправда улогата на фаворит против Алавес