Јошко и Љафтов вечерва играат финале во грчкиот Куп

54

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски и нашиот репрезентативец Александар Љафтов се пласираа во финалето на грчкиот одбојкарски куп, откако синоќа во полуфиналето против фаворитот Панатинаикос во исцрпувачки меч славеа со 3:2.

На Ф4 турнирот во грчкиот град Арта, ПАОК и оваа година под водство на нашиот најдобар одбојкарски стратег во историјата успеа да се најде во финалето на Купот и да се обиде вечерва да направи сензација во големото финале против апсолутниот фаворит, екипата на Олимпијакос, која во првото полуфинале вчера го совлада ОФИ со 3:1.

Љафтов на вчерашниот меч реализираше 7 поени и беше еден од најдобрите во составот на ПАОК. Вечерва во големото финале закажано во 19 часот, солунскиот состав ќе се обиде да испише уште една нова страница во клупската историја под водство на Миленкоски.

ПретходноКалин Ивановски ќе игра финале на ИТФ турнирот во Опатија
СледноНема многу да чека на нов клуб: Мота во јуни седнува на клупата на Аталанта?!