Атлетико „киксираше“ кај Еспањол

106

Тимот на Атлетико Мадрид направи чекор наназад во обидот да го стигне лидерот Барселона во домашната Примера откако предмалку на гостувањето кај Еспањол одигра само 1:1.

Иако гостите преку Аспиликуета поведоа во 38. минута од мечот, сепак водството не го задржаа до самиот крај.

Домаќинот до пенал изедначи во 71. минута преку Пуадо, а потоа Атлетико веќе немаше сила, и концентрација за нов гол.

Со овој бод, Атлетико сега има 57. на своето конто, шест помалку од лидерот Барселона. Еспањол пак прави клучни чекори сезонава да се спаси од испаѓање освојувајќи го 29. бод.

 

ПретходноЖорге Жезус ќе биде нов селектор на Бразил?
СледноЗа прв пат по трагедијата фудбал и во Кочани, од трибините одекнуваше името на градот (ВИДЕО)