Куп елиминации: Познати се уште нови осум патници во групната фаза

160
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Денеска породлжија елиминациските мечеви за пласман во групната фаза во Купот на Македонија. Само два меча завршија со тесен резултат, Аеродром славеше со минимални 29-28 против Македонија ЃП и на последната средба Струга со минимални 21-20 беше подобра од Младост.

На сите останати натпревари фавортите дојдоа до победа без проблем. Комплетниот список на учесници во групната фаза во Купот на Македонија ќе биде познат утре по завршување на мечевите меѓу Текстилец – Прилеп и Овче Поле – Борец.

Во групната фаза ќе се приклучат актуелниот освојувач на пехарот, Алкалоид, како и Пелистер и Вардар.

Тиквеш – Јехона 43-15

Вардар Н. – Партизан 36-44

Пелистер 2 – Драчево 40 – 22 (21-12)

Куманово – А.Хендбол 35-18 (18-9)

ГРК Охрид – Шампион 45-10 (23-6)

Радовиш – Скопје 44-19 (25-9)

Бутел Скопје – Металург РА 39-23 (14-14)

Аеродром – Македонија ЃП 29-28 (14-9)

Младост – Струга 20-21

Мулти Есенс – Преспа Вардар – неодигран, М.Есенс оди понатаму

ПретходноРајо ја оправда улогата на фаворит против Алавес
СледноАјнтрахт со минимален триумф над Штутгарт (ВИДЕО)