Македонија со две злата на Скопје ОПЕН Г1 2025

94

Елитата на светското таеквондо викендов е во Скопје, а денеска е првиот ден од натпреварувачкиот дел од Скопје ОПЕН Г1 2025. Македонија има доста претставници, како домаќин, а веќе освои два златни медала.

Андреј Василевски во категорија јуниори до 59. килограми од ТКД БУТЕЛ , и Христијан Симоновски од ТКД МЛАДОСТ,  во категоријата јуниори до 63. килограми се освојувачи на златните медали на наша огромна радост.

Василевски во финалето беше подобар од репрезентативецот на Шведска, Виктор Сетвик, додека пак Симоновски до златото дојде преку триумфот над бугаринот Станислав Митков.

 

ПретходноПадна рекордот: Влезниците за мечот Реал – Арсенал се најскапи во историјата на клубот од Мадрид!
СледноТудор дебитираше со победа на клупата на Јувентус