Работнички нанижа и четврта победа, триумф над Гостивар во Скопје

59

Победничката серија на Работнички продолжи и на денешниот меч со Гостивар во рамките на 21. коло од домашниот прволигашки шампионат. Мечот место во Гостивар се одигра во Скопје, а Работнички ја искористи шансата да ја прокнижи и четвртата победа во низа за да се зацврсти на второто место на табелата, веднаш зад лутиот градски ривал МЗТ Скопје.

Избраниците на Горан Самарџиев мечот го започнаа лошо и му дозволија на Гостивар да ја добие првата четвртина со предност од високи +7 (28:21). Гостиварци не успеаја да го задржат ритамот на игра во вториот период, па Работнички од минута во минута успеа да ја стопи разликата и на пауза да замине со егал – 46:46.

Во второто полувреме видовме сосема друга слика. Работнички одигра доминантна трета четвртина, направи разлика од 9 поени и во финалните 10 минути не дозволи гостиварчани да се вратат во игра за победа.

Стојан Ѓуроски со 19 поени го предводеше Работнички до нова победа, додека кај Гостивар искусниот Соколов постигна 24.

ПретходноПолувреме: Жестоко е во Битола, Пелистер – Вардар 1:1! (ВИДЕО)
СледноФА Куп: Кристал Палас е прв полуфиналист