Реал се намачи со Легањес

85

Екипата на Реал Мадрид вечерва далеку потешко од очекувањата стигна до победа против тимот на Легањес на домашен терен од 3:2.

Главна улога кај „Кралевите“ на овој меч беше Килијан Мбапе кој што постигна два гола. Франзуцинот го отвори резултот од сомнителен пенал во 32. минута од мечот, но веќе во следната беше 1:1. Погоди Гарсиа, а во 41. веќе гостите направија комплетен пресврт. Раба погоди за 1:2 и шок на „Бернабе“.

Во вториот дел, Реал рано дојде до резултатски егал. Белингам погоди за 2:2, а Килијан Мбапе со гол од слободен удар во 76. минута ги постави конечните 3:2.

 

ПретходноРома со уште една победа во Серија А
СледноДончиќ падна на клупата на Гризлис и порача: Доста ми е од ова с*ање (ВИДЕО)