Рома со уште една победа во Серија А

69

Пролетва тимот на Рома игра како препороден, особено во домашниот шампионат. Тренерот Раниери очигледно дека го пронајде решението за проблемите на „Волчицата“ кои не постојат повеќе кога станива збор за Серија А.

Вечерва Рома на гостински терен кај Лече извојува победа од 0:1, со голот на Довбјук на десет минути до крајот на мечот.

Претходно голот на Манчини беше поништен поради офсајд, но гостите на овој меч беа решени да ги освојат трите бода и успеаа во тоа.

Со оваа победа Рома има 52 бода и е шеста на табелата.

 

ПретходноТошевски: Топката ја зедов како спомен, ги посветувам головите на настраданите во Кочани
СледноРеал се намачи со Легањес