Митровски погоди за Вараждин во ремито против Динамо

234
фото: NK Varaždin (Facebook)

Екипата на Вараждин беше пред подвиг вечерва против тимот на Динамо Загреб но одигра само 1:1 иако имаше водство до 80. минута од дуелот. И тоа водство благодарение на Димитар Митровски кој по пауза од неколку меча се најде во тимот на Вараждин и погоди за водство на својот тим на дваесетина минути до крајот на дуелот.
Сепак, Динамо не се предаде, и преку Петковиќ од пенал изедначи на 1:1, што беше и конечен резултат на овој меч.

На него покрај Митровски настапи и Марио Младеновски за домаќинот, додека Ване Јованов остана на клупата. На другата страна пак Стефан Ристовски влезе во вториот дел да помогне, додека пак Аријан Адеми не доби шанса за настап.

 

ПретходноАлкалоид го „прегази“ Баја Маре и завери полуфинале во ЕХФ Европскиот Куп (ФОТО)
СледноЛазаров: Им честитам на момците за борбеноста! Ова е голем успех и за македонскиот ракомет!