Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ја коментираше победата од 3-2 над Леганес во Ла Лига. Неговиот тим мораше да се помачи за да дојде до трите бода на „Сантијаго Бернабеу“, а натпреварот не помина без спорни моменти. Гостите се жалеа на досудениот пенал во корист на мадриѓаните на почетокот на мечот, како и на фаулот што резултираше со нивниот победнички гол. Сепак, Анчелоти изјави дека и тој има свои барања од судиите.
„Не одигравме лош натпревар, ги контролиравме настаните и делувавме избалансирано. Дадоа два гола во моменти кога не бевме доволно концентрирани, во моменти кога грешевме. Како што Леганес се жали на судиите, така и ние имаме поплаки. Ова се две слични ситуации. Судиите донесоа одлука и ништо не можеме да направиме. Го видов пеналот и можеше да бидам повикан за фаул против Браим. Во овој момент Леганес не е среќен, но во друг момент не сме ниту ние“, изјави Анчелоти.
Тој одби да го отпише Атлетико Мадрид од трката за титулата и го пофали Килијан Мбапе за одличниот настап на натпреварот.
“Тој е во одлична форма. Многу поактивен, ја прави разликата и постигнува голови. Одлично се адаптира, како што очекувавме. За мене првенството останува битка меѓу две или три екипи. Атлетико ќе се бори до самиот крај, како и ние”, заклучи специјалистот.