Тимот на Џирона, без Бојан Миовски во составот поради повреда не можеше да направи ништо повеќе од пораз од 4:1 предмалку на гостувањето кај Барселона на Монжуик.
Дуел во кој Барса доминираше и во кој гостите имаа само неколкуминутна ситуација на 1:1, и во кој повторно главна улога имаше Роберт Левандовски. Најдобриот играч на Барселона овојпат беше двоен стрелец.
Крејчи со својот автогол го отвори резултатот, а Данџума во 53. минута изедначи на 1:1.
Резултатскиот егал траеше до 61. минута кога Левандовски со акробатски потег донесе 2:1 за домаќинот, а потоа во прекрасен удар од дистанца во 77. минута и 3:1. Конечните 4:1 во 86. минута ги пистави Феран Торес.