Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски е во одлична форма оваа сезона, тоа го покажа на двете квалификациски средби против Лихтенштајн и против Велс. За жал голгетерската серија нема да може да ја продолжи и во дресот на Џирона.
Според угледна „Марка“, нашиот фудбалер е повреден и тој нема да биде во составот на својот тим за дуелот со Барселона, кој се игра денеска во 16:15 часот.
Информациите велат дека Миовски нема да може да му помогне на својот клуб, бидејќи напаѓачот се справува со непријатност во коленото по враќањето од репрезентативните обврски.
Засега нема дополнителни објаснувања околу природата на повредата и паузата која го чека, дали ќе треба да одмара само еден меч или нешто повеќе/