Браво: Шкендија Арачиново сиот приход од мечот со Пчиња ќе го донира за Кочани! (ФОТО)

1569

Што друго да се каже освен едно големо БРАВО за сите во Шкендија Арачиново. По се она што се случи во Кочани пред две недели, овој третолигаш се одлучи на потег за кој треба да се каже – браво и секоја чест.

Имено како што официјално беше објаевено на своите социјални мрежи, Шкендија Арачиново, клубот кој се натпреварува во Третата лига Север, сио приход од мечот со Пчиња, кој вчера се одигра и беше извојувана победа од 6:0, ќе се донира за семејствата на настраданите и повредените во ужасната трагедија во Кочани.

Оваа Македонија уште еднаш покажа и во овие тешки и траорни денови, дека има граќани со кои може да се гордее без разлика на националноста или религијата.

Од фотографиите се гледа дека на загревањето пред мечот играчите на Шкендија (А) излегле со црни маички по повод настаните во Кочани.

ПретходноШтета: Калин поразен во финалето во Опатија!
СледноФК Пелистер со реакција: Бараме нашиот клуб да биде соодветно третиран!(ФОТО)