Вардар пролетва си ГАЗИ!

608

Осум меча, го сметаме тука и оној со Силекс во 1/4 финалето во Купот, четири победи, три ремија и само еден пораз, и тоа оној несреќен пораз од Шкендја на стартот од пролетниот дел.

Тоа е билансот на Вардар кој е респект. Вардар оваа пролет едноставно си гази.

Ако се знае што се случуваше во есенскиот дел, сега овој Вардар од тој е разлика како небо и земја.

Секако дека за ова се заслужни играчите, секако и стручниот штаб, но и раководството на клубот кое во зимскиот преоден рок направи вистински “рез“. Имаше идеја што сака, и тоа што го сакаше во целост го направи. Доведени беа квалитетни засилувања, Седло доби поголем ростер. И кога е така, а секако дека е така, сега резултатите излегуваат на виделина.

Ако до пред два месеци сите вардарови фанови стравуваа дали ќе се избори опстанок, сека никој не размислува за такво нешто. Сега се гледа табела со гордост, сега Вардар е осми по вчерашната победа во Битола и шанси дури до крајот на сезоната да ги мине и Пелистер и Шкупи.

Секако дека амбициите е по цели 18 години да се дојде во финалето на Купот на Македониј и да се освои пехарот.

Инаку ова се резултатите на Вардар оваа пролет:

ВАРДАР – Шкендија 1:2

Струга ТЛ – ВАРДАР 0:2

ВАРДАР – Силекс 1:0 (куп)

ВАРДАР – Беса 0:0

Работнички – ВАРДАР 0:2

Силекс – ВАРДАР 1:1

ВАРДАР – Шкендија 1:1

Пелистер – ВАРДАР 1:3

ВКУПНО: 8 4 3 1 11:5

Од ова се гледа дека Вардар во тие осум меча имал и тоа како тежок распоред. Двапати играл со Шкендија која е лидер во ПМФЛ, двапати играл со Силекс кој е втор, играл со Работнички кој е трет на табелата, славеше кај актуелниот шампион среде Струга, гостуваше кај Пелистер кој до вчера важеше за еден од најдобрите тимови оваа пролет.

Па така овие резултати на Вардар добиваат на уште поголемо значење.

ПретходноГвардиола: Ништо не може да ја спаси оваа сезона!
СледноТудор: Можевме да направиме повеќе, но мило ми е што ги израдувавме навивачите