Гвардиола: Ништо не може да ја спаси оваа сезона!

84

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е свесен дека актуелната сезона веќе може да биде прогласена за неуспешна за неговиот тим, иако тие се уште се во игра за еден трофеј и се уште можат во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ во денеска играат во четвртфиналето на ФА Купот во Бурнмаут, што е единственото преостанато натпреварување во кое можат да освојат трофеј и некако да ја спасат својата сезона.

На табелата во Премиер-лигата, со преостанати девет кола, Сити е петти, со бод помалку од Челзи и моментално е надвор од зоната која ја гарантира Лигата на шампионите.

Дури и ако неговиот тим ги постигне овие две цели до крајот, Гвардиола не мисли дека тоа би можело да ја спаси нивната сезона.

Всушност, тој не мисли дека ништо друго може да им ја спаси сезоната.

„Секако дека би било одлично да стигнеме до финалето на ФА Купот и да го освоиме, би било одлично да се квалификуваме за Лигата на шампионите, дури мислам дека два такви резултати би биле голем успех за нас во моментов, но нашата сезона е лоша и ништо не може да го промени тоа. Игравме под нашите стандарди, тоа е реалноста. Ова е лоша сезона за нас“, реален е Гвардиола.

ПретходноФК Пелистер со реакција: Бараме нашиот клуб да биде соодветно третиран!(ФОТО)
СледноВардар пролетва си ГАЗИ!