Екипата на Атлетик Билбао направи кикс на домашен терен откако предмалку пред своите гледачи одигра само 0:0 против тимот на Осасуна.
И покрај шансите кои ги имаше домаќинот, сепак, истите не беа искористени, па екипите си поделија по бод што се вели. Билбао и натаму е четврти но сега со 53. бода, додека Осасуна е 14. со 34. бода.
Од друга страна пак, Валенсија со Столе Димитриевски на свој терен успеа да слави со минимални 1:0 со голот на Лопез против Мајорка.
Со овие бодови Валенсија речиси и да се осигура што се вели во овогодинешната сезона, и ќе има мирен финиш на истата што се однесува до испаѓањето кое долго време беше опција за овој клуб.