Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мемфис Гризлис со 134:127 на гостински терен, во битката за третото место во Западната конференција на НБА. Гостите од Калифорнија ја обезбедија победата во последниот дел.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Остин Ривс со 31 поен, седум скока и осум асистенции. Лука Дончиќ постигна 29 поени, со осум скока и девет асистенции, додека Леброн Џејмс додаде 25 поени, шест скока и осум асистенции. Лејкерси имаа вкупно шест играчи кои го завршија натпреварот со повеќе од 10 поени.
Лука Дончиќ во последната минута од натпреварот падна на клупата на Гризлис откако беше направен фаул врз него. Камерите ја снимија словенечката НБА ѕвезда како лежи на клупата и вели: „Завршив со ова срање“.
Дезмонд Бејн беше најдобар стрелец кај домашната екипа со 29 поени и шест асистенции.
“I’m so over this sh*t.”
Luka Doncic after he dived for the ball 😂pic.twitter.com/aX4qX51inM
— ClutchPoints (@ClutchPoints) March 30, 2025
Резултати: Вашингтон – Бруклин 112-115, Филаделфија – Мајами 95-118, Чикаго – Далас 119-120, Оклахома – Индијана 132-111, Сан Антонио – Бостон 111-121.