Дортмунд му одржа лекција на Маинц

47

Иако во моментов местата на табелата во Бундеслигата тоа не го кажуваат, сепак, тимот на Борусија Дортмунд во дуелот со Маинц попладнево на противникот му одржа вистинска лекција. На свој терен го совлада со 3:1.

Главен актер на одличната домашна претстава беше Максимилан Беиер, кој што постигна два гола, додека третиот е дело на исксниот Емре Џан. Честа на гостите ја спаси Небел кој ги постави конечните 1:3.

Маинц со овој пораз остана на своите 45 бодови и четврто место, додека Борусија е десетта со 38.

 

ПретходноГробари со „топовски удар“ го прекинаа ракометниот дуел Партизан – АЕК (ВИДЕО)
СледноИнтер не застанува, триумф и над Удинезе (ВИДЕО)