За Шортс и Париз правилата во Евролига не важат!

578

Според француски „Л’Екип“, парискиот тим и следната сезона ќе остане во Евролигата.

Првото важечко правило е дека тим кој доаѓа од Еврокупот во елитната група може да остане таму и следната сезона доколку се квалификува за плејофот.

Сепак, тоа очигледно нема да биде случај овој пат. Оваа вест доаѓа во време кога Париз се уште нема обезбедено место во плеј-офот, но е на добар пат до плеј-ин, за што им треба уште една победа.

Во следното коло ќе гостуваат кај Реал Мадрид, што очигледно е многу тешка задача, но во последното коло ќе играат против Алба Берлин.

„Л’Екип“ додава дека немало конкретни разговори за А лиценцата, но дека челниците на Евролигата се задоволни од тимот од француската престолнина и се очекува таа соработка да продолжи.

ПретходноЛеброн и Дончиќ со легендарно забивање ги вратија фановите години наназад (ВИДЕО)
СледноАлаклоид во битка за пласман во полуфинале во ЕХФ Европскиот Куп