Злато за Македонецот: Дејан Георгиевски е победник на Опен Скопје Г1!

116

Дејан Георгиевски, нашиот спортски херој од ОИ во Токио, успеа на Македонија да донесе ново злато во таеквондо и уште еднаш да покаже дека е еден од најдобрите во светот.

Македонецот денеска успеа да го освои Опен Скопје Г1, што носи бодови за остварување на олимписката норма.

На овој турнир кој се одржа викендов во Скопје учествуваа таеквондисти од 40 земји, а денеска Георгиевски просто воодушеви со својата борбеност и победа во финалето против Куецуеексунгур од Германија, па на 2:0 за Георгиевски, противникот го предаде мечот поради повреда и тоа во втората рунда.

ПретходноЖесток одговор со факти на ФФМ до Пелистер: Му веруваме на Идризи, а зошто молчевте кога победувавте по судиски грешки?! (ВИДЕО)
СледноБарселона супериорна против Џирона