Интер не застанува, триумф и над Удинезе (ВИДЕО)

62

Екипата на Интер не застанува во својот од кон нова титула во Серија А. Предмалку тимот од Милано на свој терен со головите на Арнаутовиќ и Фратези во 12. односно 29. минута од мечот стигна до победа над Удинезе со конечни 2:1. Единствениот гол за гостите го постигна Солет во 71. минута од дуелот.

Интер е во сериозна серија на победи во домашниот шампионат, има предност од шест бода пред второпласираниот Наполи, со напомена дека овој тим вечерва го игра својот меч од ова коло против Милан на свој терен.

 

ПретходноДортмунд му одржа лекција на Маинц
СледноТФТ го преживеа Кавадарци