На Кристал Палас и Нотингем Форест, во полуфиналето во ФА Купот попладнево им се придружи и Астон Вила. Четата на стратегот Унаи Емери успеа да слави во меч од 1/4 финалето со 0:3 на гости кај Престон. Домашните одлично се бранеа во првото полувреме кое заврши без голови.
Сепак во продолжение од средбата, за само пет минути, фуриозната Вила со двата гола на Рашфорд во 58. и 63.минута, поведе со 0:2, и тоа беше тоа.
Во 71.минута Ремзи ги постави конечните 0:3.
Се чека последниот патник за “Вембли“, а тоа ќе се знае некаде после 19.30 часот кога ќе заврши последниот четврфинален меч меѓу Борнмут и Манчестер Сити.