Алкалоид од стартот на сезоната се мачи се повреди. Кирил Лазаров постојано има проблеми, па речиси никогаш на располагање го немаше планираниот и посакуваниот состав.
Една добра вест за актуелниот освојувач на Купот на Македонија е враќањето во составот на Никола Костески. Искусното десно крило на стартот на сезоната се повреди и беше надвор шест месеци. Неговата рехабилитација траеше долго, но еве денеска се најде во составот за дуелот со Баја Маре.
Алкалоид против романскиот тим ќе бара пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Првата средба заврши без победник 31-31.